На свечена церемонија пред седиштето на НАТО во Брисел денеска беше развиорено македонското знаме кога земјата и официјално стана 30. членка на алијансата.
Церемонијата, поради коронавирусот, мина без медиуми и присуство на делегации, но преку видеоврска се следеше во Владата, каде што присуствуваа сите министри, на чело со премиерот Оливер Спасовски.
Линковско обраќање имаше и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Historic moment. 30 flags are raised outside #NATO HQ as we welcome #NorthMacedonia 🇲🇰 as our newest member: https://t.co/mY1I3mnVBS #WeAreNATO pic.twitter.com/kWZjIAM9h0
— Jens Stoltenberg (@jensstoltenberg) March 30, 2020
„30 знамиња ќе се веат пред НАТО. Ова е историски момент за Северна Македонија и доаѓа по години посветеност и заложба за реформите. Приклучувањето на алијансата е важно за Северна Македонија, за стабилноста на западниот Балкан и за меѓународниот мир и безбедност. Во времиња како ова пријателите и сојузниците се најважни, а Северна Македонија ги има најдобрите пријатели и сојузници“, рече Столтенберг.