24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Арсовски: Скандалозна набавка на респиратори од Бразил, се фаворизира најнебезбедната понуда

Венко Филипче денеска е фатен од глава до петици во профитертство со набавка на респиратори коишто во моментов се најнеопходни во оваа криза и зараза од вирусот Ковид-19, истакна на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Како што рече тој, ресорниот министер е фатен во лага.

„Денеска на прес-конференцијата од министерот слушнавме дека се договара набавка на нови респиратори од Бразил и дека тоа го може само Бразил. Вчера пак, сведоци бевме дека самиот Филипче информираше дека одлуката од каде ќе се набават новите респиратори сè уште не е донесена. Не е точно дека Бразил е единствениот понудувач. Еве ги понудите на екранот позади мене и тие се вкупно четири“, нагласи партискиот портпарол.

Како што кажа тој, денеска сосема спротивно од вчера Филипче соопштил дека Бразил е фаворизиран и пред да биде донесена одлуката се преговара со понудувачот кој, според Арсовски, има неколку илјади долари повисока цена за респиратори.

„Практично Филипче денеска потврдува дека или изборот на понудувач е извршен пред време, а не беше во ниту еден момент јавно соопштено кога се извршил изборот, или ако не е донесена одлуката тогаш имаме кривично дело фаворизирање на повисока понуда односно скапа понуда“, кажа портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека за да нема забуни во јавноста, јавно ги објавуваат цените на понудувачите.