Centar.mk
СВЕТ

Русија планира да ограничи дел од повиците на Telegram и на WhatsApp

Руските власти преземаат мерки за ограничување на одредени повици на комуникациските платформи Telegram и WhatsApp, објави денес новинската агенција Интерфакс, повикувајќи се на рускиот телекомуникациски регулатор Роскомнадзор.

Meta, која е сопственик на WhatsApp, и Telegram не одговорија веднаш на барањето за коментар.

Рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец потпиша закон со кој се овластува развојот на комуникациска апликација поддржана од државата, интегрирана со владини услуги, во светлината на напорите на Москва да ја намали зависноста од платформи како WhatsApp и Telegram.

Русија долго време се обидува да воспостави она што го нарекува дигитален суверенитет преку промовирање на домашни услуги. Нејзините напори да ги замени странските технолошки платформи станаа поитни откако некои западни компании се повлекоа од рускиот пазар откако Москва ја започна својата инвазија на Украина.

„Заради спротивставување на криминалците, се преземаат мерки за делумно ограничување на повиците кон овие странски (комуникациски апликации)“, соопшти Роскомнадзор, според Интерфакс.

„Не се наметнати други ограничувања на нивната функционалност“.

Роскомнадзор соопшти дека сопствениците на Telegram и WhatsApp ги игнорирале повторените барања да преземат чекори за да спречат нивните платформи да се користат за активности како што се изнуда и тероризам./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СЗО СО НОВО ГЛОБАЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Шест климатски мерки можат да спасат 1,6 милиони животи годишно

ДЕСК

ШВЕДСКА КНИГИТЕ И РАКОПИСОТ ВО УЧИЛИШТАТА – Повеќе пишување со рака и помалку екрани кај најмладите

ДЕСК

ПРАВОСИЛНА ПРЕСУДА ЗА ДДВ-ИЗМАМА – Двајца во Германија добија по седум години затвор

ДЕСК