Дополнителната заменик-министерска за внатрешни работи, Славјанка Петровска во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека полицијата досега им укажувала и ги предупредувала граѓаните за почитување на мерките за заштита од корона вирусот, а отсега ќе почне со репресивни мерки.
-Секој кој нема да ја почитува мерката за самоизолација, ќе биде ригорозно казнет. Нема никој да биде поштеден.
Бидејќи станува збор за загрозување на јавното здравје, полицијата апсолутно има право да ги лиши од слобода лицата кои нема да ја почитуваат мерката. Денеска еден сопственик на локал беше уапсен бидејќи продолжил да работи. И ова ќе се интензивира. Од превентивна улога која ја имавме досега со укажувања, сега нашата улога ќе премине во репресивна, рече Петровска.