54 годишна жена која се вратила од Холандија е новозаразена од коронавирус.
Сите нејзини луѓе со кои контактирала, сите во авионот дури и таксистот кој ја носел од аеродромот во Скопје, ќе бидат контактирани.
И уште 4 други лица засега се со позитивни резултати од коронавирус.
Две лица пак покажале позитивни резултати во приватна клиника, меѓутоа истите ќе бидат тестирани и од официјалните здравствени власти за да се потврди ова.
Кои се заразените?
Станува збор четворица од Дебар и 54- годишна повратничка од Холандија е позитивна на коронавирусот. Таа се вратила дома ноќта помеѓу 12 и 13 март.
Жената развила симптоми вчера и денеска било јавено на Клиниката за инфективни болести.
-Најдени се сите контакти од семејството. Таа била во домашна самоизолација, според нејзиното кажување и анкетата на епидемиолозите. Контактирани се членовите на фамилијата, возачот на таксито кое ја возело од аеродром до дома, а во овој момент се контактираат 31 лице кои се вратиле со авионот од Виена, рече Филипче, додавајќи дека нејзината здравствена состојба е добра.
Колку лица се хоспитализирани?
Со ова бројка на хоспитализирани лица на Инфективна кои се позитивни на коронавирусот е 14.
-Попладнево се тестираа уште 10 други лица. Седум од Дебар, четири со симптоми кои биле во контакт со заболените. И тие се позитивните, другите тројца кои што беа избрани по поширока индикација се негативни, и тројца други пациенти, едниот од ЦЈЗ Прилеп и уште еден од Инфективната клиника и еден од инфективното одделение во Градската општа болница „8 септември“, рече Филипче.
Две лица се пријавиле во клиниката на Жан Митрев, а утре ќе бидат тестирани во државната лабораторија.
Прес конференцијата на Венко Филипче може да ја проследите на следниов линк.