Со оглед на рапидноста на развојот на настаните со коронавирусот во Италија, Министерството за надворешни работи препорачува да не се патува на целата територија на Италија.
За оние граѓани кои веќе се наоѓаат во Италија, МНР препорачува зголемени мерки на претпазливост во секое време и да се следат локалните медиуми и упатствата на локалните власти.
МНР информира дека нашиот Генерален конзулат во Венеција, следејќи ја праксата на другите европски дипломатско конзуларни претставништва во истиот регион, како и заради понатамошна превенција од ширење на ковид-19, во следниов период нема да работи со странки, освен во итни и неодложни ситуации.
За подетални информации околу развојот на состојбите, македонските граѓани кои се наоѓаат во Италија, можат да го контактираат нашиот Генерален конзулат во Венеција на + 39 389 5837913 или venice@mfa.gov.mk.
„Преку нашите дипломатско конзуларни претставништва продолжуваме будно да ја следиме состојбата со ковид-19 и соодветно ќе ги информираме граѓаните, согласно развојот на состојбата. Официјални информации може да се добијат на travel.mfa.gov.mk“, се наведува во соопштението.