25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Кузеска: Извршителот Мицкоски отиде во Будимпешта по пратенички листи, не може да ги состави без одобрение на својот шеф Груевски

Изјава за медиуми, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ – интегрален текст

 

Извршителот Мицкоски не може да се ослободи од стегите и влијанието на својот ментор од Будимпешта Никола Груевски.

Мицкоски дури ни листите за кандидати за пратеници не смее да ги подготви без Груевски.

Извршителот Мицкоски отиде на нови консултации кај својот ментор во Будимпешта Никола Груевски, да му даде одобрение за листите за пратеници.

Листите за кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се подготвуваат во Будимпешта директно од криминалецот Груевски, Мицкоски е само поштар, што треба да ги донесе.

ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ја води Груевски, човекот којшто од Република Северна Македонија направи заробена држава, кој прислушуваше над 20 илјади граѓани, кој го зароби судството, монтираше судски процеси и нарачуваше пресуди.

Извршителот Мицкоски е само продолжена рака на бегалецот од правдата Груевски и има задача и да инсталира негови луѓе во Собранието на Република Северна Македонија.

Граѓаните ја гледаат разликата помеѓу одговорните политики на СДСМ и претседателот Заев што носат напредок, економски развој и интеграција и деструктивното делување на Мицкоски кој го брани криминалот, изолацијата и обновата на режимот.

Затоа на 12 април, поразот на извршителот Мицкоски е сигурен.

.