23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Костадинов: Мицкоски бега од соочување со претседателот Заев затоа што е свесен дека на 12 април ќе биде поразен

Изјава за медиуми, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ – интегрален текст:

 

Христијан Мицкоски е свесен за поразот што го очекува на 12 април од граѓаните и затоа бега од изборно соочување со претседателот на СДСМ, Зоран Заев во Изборната единица 4.

Со ваквото бегање од претедателот Заев извршителот Мицкоски сака да побегне од одговорноста за изборниот пораз на 12 април.

Извршителот Мицкоски сака да се спаси од оставка во партијата и одговорноста за неговата неспособност да ја префрли врз други од неговата партија.

Јасна е целта на извришителот Мицкоски – неговиот шеф Груевски да продолжи да ја води ВМРО ДПМНЕ, а тој да продолжи ја држи партијата нереформирана и корупмирана, во заробеништво на криминалот на Фамилијата.

Кукавичкиот потег на Мицкоски е потценувачки кон граѓаните, навоно бара мандат а не смее да се појави на пратеничка листа за да сокрие фактот што нема поддршка од граѓаните.

Извршителот Мицкоски се плаши да се соочи со граѓаните.

Оттука, извршителот Мицкоски треба јасно да им каже на граѓаните, дали ќе поднесе оставка откако неговата партија ќе изгуби на парламентарните избори на 12 април.

Бадијала Мицкоски се обидува да побегне од пратеничката листа, поразот не му бега.

Граѓаните ја гледаат разликата помеѓу одговорните политики на СДСМ и претседателот Заев што носат напредок, економски развој и интеграција и деструктивното делување на Мицкоски кој нуди одбрана на криминалот, изолација и обнова на режимот.

Мицкоски еден чекор назад, Заев три чекори напред.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за изолација и уназадување, Заев и СДСМ за интеграција и напредок.

Затоа на 12 април, поразот на Мицкоски е извесен. Може тој да бега од соочување колку сака, но од поразот од граѓаните нема да избега.