Centar.mk
БИЗНИСИЗБОР

Горивата поевтинуваат

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 1,5 и за два денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се намалуваат за два денари за литар и ќе изнесуваат 62 денари, односно 64 денари за литар.

Малопродажните цени на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,5 денар за литар и ќе изнесуваат 54,5, односно 43,5 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,495 денари на 28,895 денари за килограм.

Можеби ќе ве интересира

Цените на нафтата скокнаа над 120 долари: „Брент“ на највисоко ниво од 2022 година

C +

Независна научна студија за влијанието на ЕВН Македонија врз социо-економскиот и енергетски развој во изминатите 20 години  

C +

Силниот раст на продажбата позитивно влијаеше врз профитабилноста 

C +