Фирмата Визер, денеска објави дека рутите за Милано (MXP), Тревизо (TSF) и Бергамо (BGY) ќе бидат суспендирани, поради затворањето на северниот дел на Италија, со цел да го спречи ширењето на Корона вирусот.
Летовите од Скопје и Охрид кон горенаведените италијански градови ќе бидат прекинати до 3 април.
Патниците кои имаат направено резервација во овој период ќе бидат автоматски известени, ќе добијат можност за рефундација или резервација за другпат, или пак доколку имаат неодложни обврски ќе мора да бараат чаре да стигнат до резервираната дестинација.