23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев: Предизборната коалиција со Движењето Беса е нов исчекор кој може да го зајакне еднаквиот глас на секој граѓанин

Предизборната коалиција со Движењето Беса е нов исчекор кој може да го зајакне еднаквиот глас на секој граѓанин

„Предизборната коалиција со Движењето Беса е нов исчекор кој може да го зајакне по структура и по фер поставеност, еднаквиот глас на секој граѓанин.

Испишавме убава историја со предизборна мултиетничка коалиција, и сме горди на тоа“, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев одговарајќи на повеќе новинарски прашања во однос на предизборната коалиција на СДСМ со Движењето Беса.

„Нашата земја е мултиетничка со векови. Овој нов квалитатив којшто со прогресивни политики го создаваме со конкретен ефект и почеток од 2016 година, кога граѓани Албанци гласаа за СДСМ и коалицијата, граѓани Македонци граѓани кои гласаа за албански кандидат за градоначалник и граѓани Албанци кои гласаат за македонски кандидат за градоначалник. Тука се вградени и партиите на помалку бројните етнички заедници. На крај имавме нов квалитатив каде 32 политички партии настапија за заеднички непартиски кандидат за Претседател на државата.

Граѓаните одлучуваат на избори за тоа како ќе се движи нивната земја. Би порачал на нашиот сегашен коалиционен партнер да не го лаже паметот. Коалицијата на СДСМ, Беса и другите партии ќе биде победник на овие избори, и тоа во шеста изборна единица каде најмногу се мери влијанието на втората етничка заедница по големина во државата – албанската. Тврдам дека ние ќе победиме во шестата изборна единица заедно.

Тоа ќе прати уште еднаш една убава порака до целиот наш народ – единството ја прави силата, заедно сплотени можеме многу повеќе да успееме. Ако сме здружени нашите лични, семејни и државни очекувања ќе ги исполниме за пократко време.

На прашање на новинарите, дали со ваквата коалиција се дефакторизира албанското гласачко тело, претседателот Заев рече дека никако не се дефакторизира ниту албанското ниту македонското гласачко тело.

„Македонците се уште повеќе мотивирани да гласаат за победникот кој успеал да се надмине себеси од етничките предрасуди и изградил единство со сите разноликости внатре. Ако порано им се закануваа со некакви Тирански платформи, кантонизации и федерализации, видовме дека нема ништо од тоа. Со правото на употребата на јазиците видовме дека никој не изгуби ништо, сите добивме во државата.

Ние заедно со Движењето Беса ќе победиме на овие избори, бидејќи заедно можеме да направиме повеќе и подобро!“, истакна претседателот Заев и додаде дека има отворен простор за соработка со сите.

„Граѓаните очекуваат партиите да се менуваат. Ние се менуваме, се подобруваме. Имаме потпретседатели на партијата и повеќе од 75% од претседателите на комисиите и членовите кои немаат партиски книшки. Се отвораме, се демократизираме, се менуваме. Очекувам и другите политички партии да се менуваат. Ако се менуваат на подобро ако се реформираат ќе бидат посакувам партнер на СДСМ и коалицијата“, подвлече Заев.

Претседателот Заев даде одговор и на прашањето за критиките кои претседателот на Движењето БЕСА ги упатил кон него во минатото.

„Еден дел од критичкиот осврт на господинот Билал Касами кон мене лично и СДСМ беше веројатно еднаков или истоветен од фрустрација на голем број граѓани Албанци кои ја имаа кон СДСМ кога ДУИ го земавте во коалиција иако истите признаваат дека во спротивно не можевме да создадеме Влада.

Успеавме со 49 мандати да направиме Влада. Успеавме со многу трпение и посветеност да донесеме сериозни одлуки во државата: уставните промени, Договорот од Преспа, Договорот со Бугарија, ЗЈО и покажавме сериозен државнички капацитет и одговорност без калкуции.

Го почитуваме тоа што ДУИ влезе во коалиција со нас и не дозволи режимот предводен од ВМРО-ДПМНЕ да продолжи. Донесовме многу значајни стратешки одлуки заедно. Заедно ги исполнивме стратешките цели за НАТО и ЕУ, ги постигнавме Договорите со Грција и Бугарија. Заедно ги донесовме сите економски мерки, но имавме и слабости. СДСМ се менува и подобрува. Очекувам одредени промени да има и во ДУИ.

Критиките беа настроени заради недоволно оградување од некои политики на политичкиот субјект ДУИ и на крајот на денот Касами беше опозиционер и ако не го критикува првиот човек во извршната власт, тогаш каква опозиција би била таа.

Во однос на заедничката програма на СДСМ со Движењето БЕСА, претседателот Заев рече дека е изградена врз основа на заеднички спотливи аргументи, а тоа се економијата, реформите во правда, образование, здравство и севкупната трансформација.

„Заедничката коалиција е на темелот Скопје-Блаце, на продолжување на патот на Арбер кој не поврзува со Албанија.

Заедничката коалиција е за еднаква вграденост преку чест и одговорност насекаде во државата и соодветно на застапеноста. Се работи за вредносна коалиција. Среќен сум што веруваме во исти вредности и беше задоволство да се изгради предизборна коалиција.

Во моментот, се прави сублимат на нашите програми но Декларацијата која ја потпишавме вчера е темелот за идната програма и постулатите на нашето коалицирање.