„Мизрахи нема ниту еден ден искуство во труд и социјала. Таа не отвори скандали за претходничката, таа создаде скандали. Мила Царовска има за 600 проценти зголемена социјална помош, 60 отсто зголемување на минималната плата, ВМРО ДПМНЕ само за газдите се грижеше, ание се грижиме за работниците. Постапките на Мизрахи беа одобрени од партијата. Таа ја доведе државата во ситуација да се прашуваме дали министрите од ВМРО ДПМНЕ ќе го почитуваат Уставот и законите. И при тоа, таа одби да го усклади своето однесување согласно законот. На тоа реагираше и грчката Влада. Практичо, таа почна да ја враќа државата назад. Ако може министерка да придонесе државата да се враќа во изолација, што може да се случи ако таква биде целата Влада на ВМРО ДПМНЕ?“- праша Маричиќ.
Тој смета дека успесите на Царовска не можа да ги загрози никој затоа што се видливи и таа е најуспешната министерка што ја имало тоа министерство.
„ВМРО ДПМНЕ на дело покажа дека за нив Уставот е само парче хартија. А тоа што ние сакаме да го заштитиме Уставот не може да биде антисемитизам. Ние водиме искрени политики во процесите кон ЕУ и НАТО, а со ваквите постапки ВМРО ДПМНЕ не само што не враќа назад, туку одново ни отвора трауми, ќе уназадуваме и повторно ќе се најдеме во преговори со соседите и меѓународните преставници“- заврши Маричиќ.