26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Чулев во налет на еуфоријата за тонот кокаин вмеша и политика: Помина времето кога високото раководство во МВР соработуваше и ги поддржуваше криминалните структури во државата

Целиот капацитет на Министерството за внатрешни работи е ставен во заштита на граѓаните и безбедноста на државата. Помина времето кога високото раководство во МВР соработуваше и ги поддржуваше криминалните структури во државата, напиша Наќе Чулев, технички министер за внатрешни работи потврдувајќи ја полициската акција за заплена на дрога.

Ја информирам јавноста дека Министерството за внатрешни работи во овој момент презема широк спектар на оперативни мерки и активности, напиша Чулев, без да спомене за која количина на дрога се работи.

Според моменталните информации во камиони со овошје бил пронајден 1 килограм кокаин во скопски Крушопек.

Се работи за меѓународна акција која македонската полиција ја спроведува во соработка со нивните колеги од Италија и Црна Гора, а според неофицијални информации 1,3 тони била цела пратка која што наводно требало да стигне во Македонија.