5. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ ги демантира медиумите дека нивни функционери ќе давале оставка

Ниту техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, ниту дополнителните заменици министри Цветан Трипуновски во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Невенка Стаменковска-Стојковски во Министерството за информатичко општество и администрација и Гордана Димитриеска-Кочовска во Министерството за финансии ќе си дадат оставка, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ по натписите на дел од порталите дека Чулев ќе си поднесе оставка од техничката влада.

Од таму обвинуваат дека веста бил подготвена од СДСМ, додавајќи дека партијата на власт „немало да ја има таа среќа“ Наќе Чулев или некој техничките министри да си дадат оставка.

„Уште еднаш потенцираме дека се работи за лажна вест“, велат од опозицијата.

Во инфомациите кои ги споделија некои медиуми, а кои ВМРО ДПМНЕ ги категоризира како лажни, беше наведено дека наводно оставката ја подготвувал Наќе Чулев како солидализирање со Рашела Мизрахи, техничката министерка за труд и социјална политика која беше разрешена поради непочитување на Уставот и Преспанскиот Договор.

Чулев деновиве е во центарот на вниманието во јавноста поради хаосот со издавањето на пасоши, како и незаконско поставување на началници среде изборен процес.

Можеби ќе ве интересира

Средба Николоски – Сориано Ортиз: Авиолиниите Скопје – Мадрид и Скопје- Барселона се одлична можност за подoбрување на соработката меѓу двете држави

ДЕСК

На Клиниката за детски болести обезбеден дигитален мобилен рендген апарат со поддршка од Амбасадата на Jапонија

ДЕСК

Внук си ја нападнал бабата која имала 75 години – драма во Кисела Вода

ДЕСК