Поранешниот пратеник на ВМРО ДПМНЕ, Илија Димовски на прес конференција денеска соопшти дека Бадентеровото мнозинство било потребно за изгласување на новиот закон за јавно обвинителство, но тоа не е точно.
Законот за Јавно обвинителство се носи со е двотретинско мнозинство и ништо повеќе. Бадентерово мнозинство ќе биде потребно во моментите кога ќе се избира нов Јавен обвинител, но само откако ќе бидат објавени новиот закон и измените донесени во собранието во службен весник.
Законот штотуку беше потпишан од страна на Претседателот Стево Пендаровски.