– Ве повикувам сите правдољубиви луѓе, утре – понеделник, во 18 часот, пред Собранието на Република Северна Македонија, да чекориме во име на правдата.
Ве повикувам да се приклучите кон Маршот „Чекориме за правда”.
Заедно да чекориме од местото каде се изгласа Законот за јавно обвинителство – од Собранието, до местото каде треба да ги видиме конечните правни разрешници – судот!
Се гледаме утре во 18 часот пред Собранието, чекориме за правда, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев.