Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Спасовски: Замислете за демократски капацитет зборува Затуровска Лилјана – чија партија учествуваше во напад што требаше да заврши со убиство во овој парламент

– Замислете за демократски капацитет на Влада, и за одложување наводно на изборите, ние викаме дајте да завршиме се и да одиме на изборите… ни зборува Затуровска Лилјана, која што шест месеци од формирањето на парламентарно мнозинство одлагаше низ парламентарна дебата формирање на нова влада и на крајот заедно со ВМРО ДПМНЕ учествуваше во напад што требаше да заврши со убиство во овој парламент, рече премиерот Оливер Спасовски на седницата во Парламентот која уште трае.

– Мислам дека најмалку што можете треба да не спомнувате за никаков страв, затоа што јас тогаш и моите колеги не се плашевме од ордата која што влезе да не’ убие. И не бевме исплашени од вас и од ВМРО ДПМНЕ и од бандитите кои ги внесовте дека можеме да завршиме во ковчег и да не изнесете надвор, порача Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

Измамите не запираат, СВР Битола со АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

ДЕСК

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите позиции за Македонија

ДЕСК

Полицијата трага: Исчезна 17 годишно дете

ДЕСК