Претседателот на Собранието, Талат Џафери, за денеска закажа седница за предлогот за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи.
Претходно, нејзино разрешување побара техничкиот премиер Оливер Спасовски, со образложение дека Мизрахи го крши Уставот со тоа што не го почитува уставното име и во јавноста.
Денеска ќе се расправа и за законот за Јавното обвинителство, откако вчерашната седница беше прекината. В недела во 12:00 часот треба да се гласа за одлуката за распуштање на Собранието.