20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото mfa.gov.mk
МАКЕДОНИЈА

Димитров на 56. Минхенска безбедносна конференција

По покана на претседавачот на Минхенската безбедносна конференција, амбасадорот Волфганг Ишингер, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ќе учествува на 56. Минхенска безбедносна конференција, која се одржува од 14 до 16 февруари во Минхен, Германија.

Предвидено е Димитров да учествува на повеќе сесии во рамките на конференцијата, и тоа: обраќање на панел-дискусијата „Нови сојузи за зголемена издржливост во европското соседство“, на тркалезната маса со наслов „Координирање, соработка, консолидирање? Придвижување на З. Балкан напред“, како и на дебатата во организација на охридската група на тема „Незавршена работа? Европската Унија и Западен Балкан“.

На маргините на конференцијата планирани се и повеќе билатерални средби со негови колеги министри, високи претставници и учесници на годинешната Минхенска безбедносна конференција, на која се очекува да се дискутираат прашања поврзани со хибридните безбедносни предизвици, одбранбената соработка, енергетската безбедност, мултилатерализмот, меѓународната трговија, транснационалната безбедност, како и предизвиците со климатските промени и иднината на Европската Унија и НАТО.

Минхенската безбедносна конференција низ петдеценискиот период од своето постоење се етаблира како светски водечки форум за меѓународна безбедносна политика обединувајќи ги политичките елити и претставниците на академската заедница и на еминентни невладини организации на едно место, каде што ќе разговараат за најактуелните безбедносни и политички теми.

Спонзорирано: