Мухамед Зекири, пратеник од редовите на СДСМ на социјалните мрежи порача дека ВМРО ДПМНЕ и ДУИ ја обновиле нивната коалиција.
-Талат и ДУИ уште еднаш го покажаа нивното вистинско криминално лице заедно со нивните побратими од ВМРО ДПМН, напиша Зекири и додаде:
ДУИ И ВМРО ДПМНЕ ја обновија нивната криминална коалиција и коалиција на тесните интереси на одредени кругови во нивните редови.
СРАМОТА!, вели Зекири.
Реакцијата на Зекири следуваше откако генералниот секретар на СДСМ, соопшти дека трпението на владејачката партија е при крај и дека доколку продолжи кочничарењето на важните закони се отвора можноста за ново парламентарно мнозинство и редовни избори во декември.
https://center.mk/blog/2020/02/13/vonredna-vest-sdsm-so-zhestoka-reaktsija-najavi-formirane-na-novo-parlamentarno-mnozinstvo-ako-antizapadnite-sili-prodolzhat-so-kochnicharene-vo-parlamentot/
,