25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Власта собра двотретинско мнозинство – Во 21 часот ќе се гласа за Законот за јавно обвинителство

Законот за Јавно обвинителство ќе биде ставен на дневен ред во македонскиот парламент, откако Талат Џафери од ДУИ во својство на претседател на Собранието реши да ја закаже 135-тата седница за во 21 часот.

На оваа седница ќе бидат предложени две точки поврзани со законот за Јавно обвинителство и законот за совет на Јавното обвинителство на Македонија.

И двете законски решенија ќе бидат донесени само ако биде обезбедено дво-третинско мнозинство.

За носење на законот за Јавно обвинителство охрабруваа и американскиот амбасадор во земјава, но и високи претставници на ЕУ.