Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги користи „бомбите“ како што му одговара на дневно-политичките интереси и за заштита на неговите сопартијци од соочување со правдата.
Вистината е дека и со новиот предлог на Законот за ЈО политичките бомби остануваат да бидат докази до 30.06 а потоа исто така се користат како индиции. Зошто тогаш извртувањето на вистината и различните барања на ВМРО-ДПМНЕ? Дали е тоа купување на време или уште еден обид за одлговлекување? – пишува Локално.мк.
-Христијан Мицкоски минатата 2019 година, точно на 17 април, во емисија „Клик плус“ на ТВ 21 категорично стоеше на ставот дека „бомбите“ не можат и не смеат да бидат доказ во постапка, за тоа да го заборави. Сега, 10 месеци подоцна, Мицкоски бара „бомбите“ да бидат доказ. Кој и кога е искрен со граѓаните? Мицкоски во април, или Мицкоски во февруари?
Законот за Јавно обвинителство, кој е во собраниска процедура, не е закон за амнестија, тој е закон што треба да создаде ефикасни механизми за борбата против криминалот и корупцијата.
Очигледно на Мицкоски и тоа не му одговара и сега бара докази и го критикува она што претходно го бараше.
Спорниот член 110 од предлог законот за ЈО се однесува на СЈО и предвидува бомбите да бидат идниција за натамошно прибирање материјални докази во кривична постапка, како што стои и во законот за кривична постапка.
Оттука се поставува прашањето што сака ВМРО-ДПМНЕ: дали „бомбите“ да бидат или да не бидат доказ во судска постапка или да бидат кога ним им одговара или обратно.
Сите политички субјекти, а пред се парламентарните партии мора да знаат дека се одговорни за иднината на земјата и дека усвојувањето на Законот за јавно обвинителство значи и огромен придонес кон европската перспектива на државата, пишува порталот.