25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Спасовски до Мицкоски: Мизрахи нека ја замени некој од пратениците кои гласаа за Северна Македонија за членство во НАТО

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да достави нов предлог за технички министер за труд и социјална политика, очекува техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Тој, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе го повлече предлогот техничката министерка Рашела Мизрахи да биде разрешена од функцијата, рече дека нема да прави компромиси по ова прашање.

– Очекувам дека опозицијата ќе биде мудра и ќе даде кандидат, што го почитува Уставот и законите. На пример еден од пратениците кои гласаа за Северна Македонија и Протоколот за НАТО, како можно решение. Одлуката е нивна кого сакаат нека предложат, јас ќе го прифатам, изјави премиерот Спасовски на денешната заедничка прес-конференција со директорот на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски.