5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Славјанка Петровска: Без одобрение од Наќе Чулев, џабе се сликате за пасош

Заменичката на министерот за внатрешни работи, Славјанка Петровска за „Слободен печат“ тврди дека од службите за изработка на патна исправа, добила информација дека без одобрение на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, за пасош никој не може да се фотографира.

– Добив информација утринава од службите, дека без да одобри Чулев, на ниеден граѓанин не може да му биде изработен пасошот – вели Петровска за Слободен печат.

Министерот за внатрешни работи е тој што треба да го реши проблемот со пасошите, а ако не знае треба да побара совет, изјави вчера дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска при денешната посета на СВР Тетово.

Таа посочи дека иако е период на изборите не смее да се наруши легитимно право на граѓаните да имаат свои патни исправи, пишува Слободен печат.

Спонзорирано: