24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Спасовски бара разрешување за Мизрахи

Премиерот Оливер Спасовски бара разрешување на министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи.

Како што информираат од Владата, предлогот за разрешувањето на Мизрахи е доставен до Собранието поради кршење на Уставот.

„Премиерот и Владата имаат обврска да обезбедат заштита на Уставот на Република Северна Македонија. Имајќи предвид дека министерката Мизрахи свесно и намерно го крши Уставот и со тоа ја загрозува евроатланската иднина на земјата, премиерот до Собранието достави предлог за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика, Мизрахи“, информираат од Владата.

Претходно, министерот за надворешни работи Никола Димитров му сугерираше на премиерот во техничката Влада, Оливер Спасовски да предложи до Собранието разрешување на Мизрахи.

„Доколку министерката Мизрахи веднаш своето делување не го врати на линија и во рамките на Уставот, му сугерирам на претседателот на Владата, Оливер Спасовски, да предложи нејзино разрешување до Собранието. Укажувам дека во нејзиното делување има и елементи што можат да повлечат кривична одговорност по член 353 и член 390 од Кривичниот законик, но тоа е веќе работа во деолкруг на други државни органи“, рече министерот Димитров.

Мизрахи вчера кажа дека нема намера да ја менува таблата со името Република Македонија, па дури и е подготовена да плати казна.