5. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Коста Петров во посета на “Витаминка” со одлични вести за македонските компании

Потпретседателот на СДСМ Коста Петров денеска во Прилеп се состана со раководството на компанијата „Витаминка“.
Заложба на СДСМ е заедно со компаниите да креираме и реализираме политики, со кои ќе им помогнеме на моќните македонски брендови да бидат уште поуспешни, истакна Петров.

На средбата со раководството на Витаминка стана збор креирање на политики, кои обезбедуваат подобри и порелаксирани услови за работа за компаниите.

Петров рече дека силни компании како Витаминка се голема испирација, бидејќи насекаде го веат македонското знаме.

Вакви успешни компании претставуваат поттик за младите да започнат сопствен бизнис и пример како може да се успее со посветеност и истрајност, нагласи потпретседателот на СДСМ Коста Петров при посетата на компанијата Витаминка во Прилеп.

Можеби ќе ве интересира

Јапонија ќе гради високоавтоматизирани воени бродови за Австралија

C +

Сѐ повеќе луѓе остануваат без работа поради вештачката интелигенција – најголем удар врз младите

C +

Раст на извозот во првото полугодие од 2025 година споредено со истиот период од претходната година

ДЕСК