Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Трагедија ја потресе Мaкедонија: Младо момче загина, а четворица се повредени во железничка несреќа

Едно лице загина и четворица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи попладнето меѓу патничко моторно возило и товарен воз на обележан премин меѓу железничката станица Згрополци и Градско.

Според неофицијални информации починато е 24-годишно момче, а една жена со потешки повреди е пренесена на клиниките во Скопје. Останатите тројца се згрижени во Велешката болница.

Несреќата се случила во 12:10 часот кога возилото марка „форд галакси“ со велешки таблички без да ја почитува сигнализацијата навлегло на пругата.

Од МВР информираат дека железничкиот сообраќај на тој дел од пругата е во прекин се до завршување на увидот. а

Можеби ќе ве интересира

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА КАЈ СКОПЈЕ, МЛАДИ СЕ ПОВРЕДЕНИ – „Мерцедес“ излетал од автопат и завршил во двор на куќа

ДЕСК

ВООРУЖЕН 26-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ВО КИЧЕВО – Кај него пронајдени пиштол и 31 куршум

ДЕСК

СО 2,23 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ПРАВЕЛ НЕРЕД ВО КИЧЕВО – Полицијата приведе 62-годишен маж

ДЕСК