Времето во Македонија утрово е студено, ведро и претежно тивко, а во Битола е забележана магла, информираат од управата за хидрометеоролошки работи.
Висината на снежната покривка изнесува 26 сантиметри во Маврови Анови, 23 во Тополчани, 17 во Пожаране и Лазарополе, 15 во Битола, 11 во Крушево, 9 во Прилеп и 5 во Берово.
Во текот на денот се очекува сончево време со мала локална облачност и со слаб претежно јужен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 Целзиусови степени.
Во Скопје преку денот ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб, претежно јужен ветер.
Максималната температура ќе достигне 7 степени.