25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Шкријељ од „Агенда Родова еднавкост 20-24“: Преку покачување на платите и мотивирање на компаниите се бориме против родовата нееднаквост и ја зајакнуваме положбата на жената во општеството

Како Влада се гордееме на успесите сферата за намалување на сиромаштијата, преку повисоки плати и пензии, а тоа директно влијае и на економската положба на жените во нашата држава. Намалување на сиромаштијата е главна цел на МТСП, истакна Санела Шкријељ, дополнителна заменичка министерка во Министерството за труд и социјална политика.
Дополнителната заменичка министерка Шријељ направи паралела помеѓу платите во 2016 година и денес како еден од факторите за дискриминација кои влијаат на родовата еднаквост.

Во 2016 година се уште се чувствуваше влијанието на дискриминацијата во нашето општество. На пример во текстилната и кожарската индустрија работниците, а во најголем дел работнички беа дискриминирани и иземени. Во 2016 година примале плата од 7.000 денари, а денес примаат плата од 14.500 денари. Разликата е огромна и очигледна. Дополнително мерката за субвенционриање на придонеси на компаниите кои ќе ги покачат платите на нивните вработени до 6.000 денари, исто така дава резултати и платите на работниците и работничките растат, рече Шкријељ.

Преку социјалната реформа успеавме да влиајеме да се подобри положбата на жените во нашата држава. Работиме и на сферата на безбедноста и сигурноста на жените. Се ратификуваше Истанбулската конвенција против насилство на жените, а денес функционираат и центри кои се сервис да се пријави насилство над жените. Исто така, во Буџетот за 2020 година се предвидени дополнителни средства за нови 10 сервиси каде може да се пријави насилство над жените со цел да се сузбие овој негативен феномен, додаде Шкријељ.

Денес градиме и имаме партнерски однос со граѓански и невладини организации. Министерството за труд и социјална политика е отворено и отчетно министерство, ги слушаме граѓаните и граѓанките и работиме исклучливо во интерес на државата и граѓаните, заклучи Шкријељ.