25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Митрески: Избори ќе има на 12 април, ВМРО-ДПМНЕ не може да избега од тоа

Интегрален текст – одговори на новинарски прашања, Јован Митрески, , координатор на пратеничка група на СДСМ:

Избори на 12 април ќе има и од тоа ВМРО-ДПМНЕ не може да избега. ВМРО-ДПМНЕ блефира да спречи некои процеси во државата, за да не влезе во процедура законот за јавно обвинителство, како и некои други закони кои се од интерес на граѓаните, истакна, координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески, одговарајќи на новинарско прашање и нагласи дека

Сите уставни и законски рокови во однос на изборите ќе ќе бидат почитувани ВМРО-ДПМНЕ нема шанси да избега од избори на 12 април, истакна Митрески.

На новинарско прашање околу консултациите за законот за јавно обвинителство, Митрески рече дека претставници на пратенички групи имаат работни средби со Министерството за правда како предлагач на тој закон, само ВМРО-ДПМНЕ не сака да се донесе законот.

-Единствено ВМРО-ДПМНЕ не влезе со свои предлози зошто не сака да се донесе законот. Јас исклучиво верувам и се надевам дека таков компромис ќе се постигне со другите пратенички групи и ќе се обезбеди двотретинско мнозинство за носење на овој закон, рече Митрески.

Тој изрази надеж дека овој закон ќе биде донесен ако се усогласи текстот на законот онака како што треба да биде, за да има правда во оваа држава, за да не се спречи правдата во оваа држава, ако се надминат сите суети и ако се испочитуваат роковите.