24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

„ВМРО-ДПМНЕ со години ги труеше граѓаните, а денес Мицоски измислува случаи во обид да го одбрани криминалот на неговата партија“

-Ништо не го пере ВМРО-ДПМНЕ од одговорност за скандалот со несоодветното третирање на медицинскиот отпад со кое се загрозувала животната средина, реагираат од СДСМ на прес-конференција на Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ.

„Јасно е, Христијан Мицкоски заедно со останатите извршители на осудениот криминалец и бегалец, Никола Груевски, продолжуваат да го бранат криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, со конструирање на измислени и лажни случаи.

Криминалната ВМРО-ДПМНЕ со години ги труела граѓаните. За своите криминални апетити за профит го загрозувала здравјето на граѓаните.

СДСМ го откри скандалот со несоодветно третирање на медицински отпад во фирма, чиј сопственик е близок соработник на избеганиот Никола Груевски и ги повикуваме институциите да преземат итни чекори за одговорност.

Загадувањето е драстично намалено како резултат на континуираните мерки за заштита на животната средина и здравјето на граѓаните што ги спроведува СДСМ, а ВМРО-ДПМНЕ 11 години преку криминални проекти, со народни пари секојдневно ги уништуваше зелените површини и безмилосно ги сечеше дрвата, оставајќи несогледливи последици врз животната средина.

Граѓаните знаат дека СДСМ навистина се грижи за заштита на животната средина и нивното здравје, а ВМРО-ДПМНЕ се грижи само за заштита на криминалот во своите редови.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе биде поразено на изборите на 12 април. На претстојните избори граѓаните ќе порачаат режим – никогаш повеќе!“ – се вели во реакцијата.