Согласно одлуката за субвенционирање на бесплатен јавен градски превоз на патници во денови со високи нивоа на концентрации на суспендирани честички РМ10 во амбиентниот воздух над 100 μg/m3, донесена од Советот на Општина Битола, денеска јавниот градски превоз е бесплатен.
Известувањето е објавено на веб-страницата на Општина Битола. На автобусите ќе бидат истакнати табли дека провозот е бесплатен.