16. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Автомобил удри во дете на патот Миладиновци – Илинден

Петнаесетгодишен малолетник од Миладиновци е тешко повреден откако вчера во него удрил автомобил на локалниот пат Миладиновци-Илинден. Според информациите од МВР, детето туркало трицикл кога се случила несреќата.

Во незгодата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје./Makfax

Можеби ќе ве интересира

ДПИ со контроли за попустите на училишниот прибор, казните за непочитување се од 800 до 10.000 евра

C +

Утре, променливо облачно време, попладне краткотраен дожд и грмежи

C +

ЗНМ алармира: Недостигот на правила за платена политичка реклама во онлајн медиумите создава корупциски ризици

ДЕСК