Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ловочувар по грешка застрела 63-годишен маж

Шеесет и тригодишен маж од Македонски Брод со повреди од огнено оружје вчера бил донесен во Здравствениот дом во Македонски Брод. Според информациите од МВР, инцидентот се случил во одгледувалиште на диви свињи во атарот на с.Грешница, Македонски Брод.

Како што се наведува, 50-годишниот Т.Т., вработен како ловочувар, поради невнимание испукал проектил кој го погодил С.П.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Македонски Брод и се преземаат мерки за расчистување на случајот./Makfax

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Ќе има редовни избори, но ако има иницијатива од опозицијата за предвремени избори, ќе ја поддржиме и одиме на избори

ДЕСК

Сиљановска-Давкова: Добрососедските односи мора да бидат мост кон ЕУ, а не инструмент за неодредено одложување на европската перспектива на соседот

ДЕСК

Мицкоски: Ако Мацура работел со руски капитал, зошто Владата на СДС и ДУИ влегла во деловни односи со таа банка

ДЕСК