Речиси беше невозможно како млад доктор да се вработиш во јавното здравство, рече Трајче Нешковски, специјализант по пулмологија и алергологија, член на СДСМ.
Во 2017 година се донесе закон за надоместок за приватните специјализнатите, а претходно тие не земаа ништо иако работеа рамно за сите други колеги, додаде Нешковски на трибината организирана од СДСМ Агенда 20-24 посветена на темата здравство.
Евидентно е дека претходната Влада на ВМРО ДПМНЕ буквално не презеде ништо за да ги задржи младите доктори во нашата држава. Мој колега кој имаше многу висок просек, пробувајќи да работи тука по што не успеа, за жал реши да ја напушти државата и да работи во една од европските земји.
Сега работиме во значително подобри услови, рече Нешковски и додаде дека напорите на Владата предводена од СДСМ, се очигледни со цел овозможување на подобри услуги и услови.
Нешковски предложи во новата програма на СДСМ да се воведен паричен надоместок за специјализантите од 12 000 денари за решавање на нивното станбено прашање.