Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Синиша Варга од трибината Агенда Здравство 20-24: Вашата држава во изминатите 3 години има направено големо унапредување во здравството

Поранешниот министер за здравство во Република Хрватска и консултант на Светска Банка и СЗО, Синиша Варга од денешната трибина Агенда 20-24 посветена на реформите во здравството истакна дека Република Северна Македонија има направено сериозен исчекор кон подобрување на целокупната слика на здравството, здравствените услуги и услови за работа на здравствените работници.

“Можам да кажам дека вие за малку пари давате многу здравје”, рече Врага зборувајќи за начините како пацитентите да бидат задоволни

“Ние и како социјалдемократи треба да одговориме на прашањето што сакаат пациентите? Сакаат добри здравствени услуги по ниски цени. И тоа е возможно да се постигне. Треба да се исфрли неефикасноста. Имаме нелогичности, лошо трошење на ресурси и тоа кажува дека има многу простор за подобрување. Тие работи и тоа како може да се подобрат”, заклучи Варга.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖД И СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ ВО МАКЕДОНИЈА – Денеска температури до 18 степени

ДЕСК

Почна гласањето во Брвеница – гласаат вкупно 107 болни лица

ДЕСК

РОДИТЕЛИТЕ ИМ ГО ПРЕПИШАЛЕ СТАНОТ НА ДЕЦАТА – Што ако еден ден им кажат дека повеќе немаат право да живеат таму?

ДЕСК