Недела неработен ден и плаќање по час се новите предизвици на коишто треба да работиме идниот период. За ова ќе мора да дебатираме со бизнис секторот и со синдикатите. Сите заеднички да ја донесеме одлуката што ќе биде најдобра за сите,
посочи потпретседателката на СДСМ Мила Царовска на трибината Агенда Социјална заштита 20-24.
– Тука, на оваа трибина денеска се отворија многу прашања, значи дека сме на половина пат од процесите што ги започнавме, Сите мерки што ги креиравме изминатите две и пол години во широка консултација со засегнатите страни дадоа одлични резултати. Меѓу нив се Оперативните планови, зголемувањето на минимална и субвенционирањето за раст на плати, воведувањето на гарантираниот минимален приход и другите додатоци, како обезбедувањето на 12.000 стечајни работници, порача потпретседателката Царовска.
Затоа, истакна Царовска, продолжуваме со уште посилен ентузијазам сите заедно да носиме мерки и политики во интерес на граѓаните, нивна поголема вработливост и намалување на сиромаштијата.
За да ги заокружиме овие политики, ќе ни треба силна соработка со сите засегнати страни и граѓаните, заклучи Мила Царовска.