-Во последните две и пол години СДСМ донесе многу храбри одлуки чии резултати се веќе видливи. Влезот во НАТО е веќе извесен, зголемени се пензиите, имаме константен раст на просечната плата, минималната плата ја зголемивме за речиси 60 проценти а субвенционирањето на придонесите веќе ги дава посакуваните ефекти. Сега е време за нови, похрабри но и визионерски чекори, рече во денешното обраќање, Коста Петров, потпретседател на СДСМ.
„Со таа цел досега одржавме 5 тематски трибини на кои со докажани професионалци ги креиравме нашите идејни решенија за следните четири години.
И токму поради тоа со гордост потврдувам дека нашиот фокус е насочен кон
1. Целосно прочистување на судството.
2. Конечно решавање на проблемот со стажот на спортските работници.
3. Прогласување на гејмингот за официјален спорт.
4. Децентрализација на културата.
5. Целосна дигитализација на администрацијата.
6. Создавање на македонски брендови во сите индустрии.
7. Отворање компанија со влог од само едно евро.
8. Брендирање на Македонија како стартап центар во регионот. Како? Преку нов пристап на финансии за стартапи, меѓународна промоција на македонските стартапи и отварање на стартап хабови.
9. Десетгодишна технологишка иницијатива со цел Македонија до 2030 да стане земја со најбрз напредок во усвојувањето на високите технологии во Југоисточна Европа.
Во следниот период преку нашите трибини ќе ги опфатиме сите области важни за граѓаните и државата.
Тука сме за сите ваши идеји и сугестии. Подготвени сме за храбри чекори и знаеме дека само со заедничка работа можеме да дојдеме до посакуваниот напредок за подобра сегашност но и посветло утре.“ – изјави Петров.