Во однос на прашањето за евентуални изборни коалиции, претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска истакна дека СДСМ е политички субјект кој оставил влог за коалиции со сите политички партии кои работат во интерес на државата.
„Остануваме отворени за соработка со сите, затоа што ние веројатно сме единствениот политички субјект кој заради нашиот влог што сме го направиле во минатото, денес да може да соработуваме со сите, секако освен со ВМРО-ДПМНЕ бидејќи нормално, едната партија е власт а другата опозиција. Секако ние прво ќе носиме одлука што е најдобро за државата, а потоа и за тоа како е најдобро СДСМ да се позиционира во пресрет на победата што ја очекуваме. Подготвен сум да разговарам со сите за евентуални идни соработки, а во тие разговори интересите на државата да ги ставиме на прво место“, заклучи Заев.