2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

„Трипуновски на дело покажа што значи враќање на режимот, граѓаните ќе ја поразат режимската матрица на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“

-Со упадот во подрачната единица на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство од страна на дополнителниот заменик министер Цветан Трипуновски граѓаните на дело видоа што значи враќање на режимот, соопшти денеска СДСМ.

„Однесувањето на Трипуновски е класично режимско однесување кое потсети на времињата на груевизмот кога ВМРО-ДПМНЕ ја малтретираше и се изживуваше со администрацијата.

Со неовластеното снимање на вработените во подрачната единица Трипуновски сторил грубо прекршување на Законот за приватност на вработени во јавен или приватен сектор.

Ништо друго и не може да се очекува од кадар на Груевски, лице против кое се води кривична пријава за злоупотреба на службената должност и човек кој организира протести на лажни земјоделци.

Неовластено снимање, упади, заплашување малтретирање и закани кон вработени во администрацијата, тоа е понудата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ не е поместена ниту милиметар надвор од насилничката, режимска матрица и затоа се што може да очекува на 12 април е нов убедлив пораз.

СДСМ и граѓаните нема да дозволат администрацијата да биде заплашувана, уценувана и понижувана од кого било а најмалку од кадри на Мицкоски и Груевски.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +