Техничкиот премиер Оливр Спасовски на прес-конфереција во Владата го осуди говорот на омраза и нападите врз новинарите и порача дека институциите треба да ги истражат случаите и да ги санкционираат.
„Сите мора да дадеме придонес против говорот на омраза, нула толеранција за говорот на омраза и ништо помалку од тоа. Го осудуваме говорот на омраза протов новинарите, институциите се должни секој напад против новинарите да го истражат, докажат и санкционираат“, рече Спасовски.
Според него, ова е период во кој до максинален израз треба да дојде личната и професионална одговорност и да се даде придонес за напредокот на земјата. Сите постапки на извршната власт треба да потврдат дека државата е во сигурни раце, рече техничкиот премиер Оливер Спасовски.
Според него, неопходно е и тоа е врвен приоритет на сите министри да обезбедат континуитет на функционирањето на институциите.
Тој истакна дека очекува професионална соработка со власта, Собранието, Државната изборна комисија и Државната комисија за спречување на корупција со цел спроведување на фер и демократски избори.