25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Режимската лустрација падна: Почна поништувањето на решенијата со кои беа лустрирани неистомислениците на режимот

Утре почнува процедурата за носење на Законот за поништување на лустрацијата која ја спроведуваше режимот на Никола Груевски во периодот од 2009-та до 2015-та година, а најчесто против личности кои беа неистомисленици со сега пропаднатиот режим.

Лустрацијата која тогаш беше користена како алатка за дискредација на моќни личности кои беа почитувани во општеството, а гласно говореа за злоделата на режимот ќе биде поништена во целост.

Режимот проверуваше дали поранешните функционери или кандидати за јавни функции соработувале со безбедносните служби, а пред две години лустрацијата беше укината.

Меѓу “нападнатите” со лична дисквалификација преку лустрацијата беа поранешниот министер за култура, Ѓунер Исмаил, екс-министерот за внатрешни Љумобир Фрчкоски, но и врз првиот човек на една од најмоќните стожери на демократското општество за време на режиот, Фондацијата Отворено Општество Македонија, тогаш предводена од Владимир Милчин, но и тогашниот претседател на Уставниот Суд, Трендафил Ивановски.

Во изјави за ТЕЛМА, Исмаил, Фрчкоски и Нора Шаќири, чиј татко беше оцрнет за време на режимот го поздравија ваквиот чекор.

„Воопшто не размислувам за отштета зашто ништо не може да го врати татко ми. Важно е што се стави крај на нешто што беше правено исклучиво по нарачка, како што слушнавме од прислушуваните разговори“, вели Нора Шаќири, која со години докажуваше дека нејзиниот татко, новинарот Хисен Шаќири, не бил соработник на службите.

“Многу емотивно ја примив веста за поништување на лустрацијата бидејќи татко ми, ми остави аманет да му го исчистам образот и да го тргнам срамот што неправедно ни беше нанесен. Борбата беше тешка и долга, но еве, дочекавме. Сакам сите чинители на срамната лустрација да ги видам пред лицето на правдата” – изјави Нора Шаќири за Телма.

Инаку за време на Лустрацијата согласно законот сите лустрирани мораа да ги напуштат државните институции во кои работеа, па така Уставниот суд чија институција му бодеше очи на режимот, доби поинаков состав.

 

Трендафил Ивановски бил лустриран во неправична постапка, пресуди Европскиот суд за Човекови права во Стразбур

Со постапката на лустрација на поранешниот претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски, се прекршени членовите 6 и 8 од Европската конвенција за човекови права, пресуди Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Ивановски во Стразбур поднесе жалба во која беше наведено дека лустрациските постапки не биле фер и дека со нив му биле нарушени угледот и достоинството. Судот утврдил неправедност во постапката за лустрација и дека на Ивановски му било повредено правото на правично судење. Поради тоа, Македонија треба да му исплати оштета од 5.350 евра на Ивановски.