Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Алаѓозовски од трибината Агенда Култура 20-24: Го враќаме достоинството на културните работници и ги ставаме во центарот на вниманието

СДСМ со политиките во културата е на правиот пат, тој пат не носи кон Европската унија и европските вредности, порача претседателот на комисијата за култура на СДСМ, Роберт Алаѓозовски на трибината Агенда Култура 20-24.

Го враќаме достоинството на нашите културни работници, го вреднуваме нашето културно наследство и она што го имаме, но уште повеќе ги вреднуваме уметниците и сите дејци во културата кои ни носат европски и светски престиж и токму нив ги ставаме во центарот на вниманието.

Продолжуваме заедно со граѓаните, заедно со културните работници да ги креираме насоките за развој и унапредување на културата, заклучи Алаѓозовски.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Ќе има редовни избори, но ако има иницијатива од опозицијата за предвремени избори, ќе ја поддржиме и одиме на избори

ДЕСК

Сиљановска-Давкова: Добрососедските односи мора да бидат мост кон ЕУ, а не инструмент за неодредено одложување на европската перспектива на соседот

ДЕСК

Мицкоски: Ако Мацура работел со руски капитал, зошто Владата на СДС и ДУИ влегла во деловни односи со таа банка

ДЕСК