24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев поднесува оставка, до полноќ треба да биде изгласана техничката Влада

Премиерот Зоран Заев во текот на денот треба да поднесе оставка, со цел 100 денови пред вонредните парламентарни избори на 12 април да се формира техничката влада според таканаречниот Пржински модел.

За оставката, Заев со писмо ќе го извести претседателот на Собранието, Талат Џафери, по што на седница во Собранието треба да биде констатирана оставката и да биде изгласана преодната Влада.

Техничката Влада ќе ја предводи досегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски. Досегашната министерка за труд и социјална политика, Мила Цароска, ќе биде нов вицепремиер за економски прашања на местото на Кочо Анѓушев, кој си поднесе оставка.

Вчера беше прифатен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев да биде техничкиот министер за внатрешни работи.

Рашела Мизрахи ќе биде министерка за труд и социјала, Цветан Трипуновски беше предложен за заменик министер за земјоделие, Гордана Димитриеска Кочоска за заменичка министерка за финансии и Невенка Стаменковска Стојковски за заменичка министерка за информатичко општество и администрација.

Санела Шкриељ, шефица на кабинетот на Царовска, ќе биде дополнителен заменик-министер за труд и социјална политика, додека Славјанка Петровска, која е шефица на кабинетот на Оливер Спасовски во техничката влада, ќе била поставена на функцијата дополнителен заменик-министер за внатрешни работи.

Ова е втора техничка влада од ваков тип.