25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Пивоваров: Вмешан ли е Ковачки во настаните од 27 април?

Пред да се поднесе одреден предлог мора да ги задржите законските компоненти односно Уставноста која во член 97 вели дека лице кое ќе се предложи не може да има одредени препреки за да може да биде предложено. Партиските тела можеби свесно и намерно го направиле тоа. Правењето отстапка со кршење на Уставот води кон хаос, вели во Утрински брифинг Владимир Пивоваров околу предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи.

– Никој до сега нема дадено одговор ниту истражено за дејствијата кои се случуваа пред 27 април, онаа подготвителна етапа, која даваше една поинаква слика за врховниот командант, генералите, тогашниот естаблишмент, кој што и како има преземено, зошто „бе-те-ерите тогаш беа пуштени во употреба и преку ноќ се ставија во функција. Господинот Ковачки токму во тој период е шеф на воената разузнавачка служба, додаде Пивоваров.