24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: И разочараните пак ќе не гласаат, се ежат од помислата ВМРО-ДПМНЕ да се врати на власт

Скапо платени анкети пуштате деновиве во јавноста, мене ми е јасно како стојат работите на терен, но очигледно имате намера да го билдате вашето членство, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во пратеничко прашање кон премиерот Зоран Заев. Тој го праша дали премиерот прифаќа шпицен кандидат, со услов поразениот да си замине од политиката.

„МЦМС се финансира преку странски проекти и многу често нам не ни се доапаѓале нивните анкети, но овој пат вам не ви се допаѓаат, па затоа зборувате дека било местено и слично. Раководството на МЦМС е кредибилно и соработува со сите партии. Јас ви кажам колкава ќе биде разликата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, помеѓу 60.000 и 120.000 гласа разлика. Се додека вака се однесувате, дел од оние кои се разочарале од владејачките партии пак ќе гласаат за нас заради тоа што се ежат од помислата ВМРО-ДПМНЕ да се врати на власт“, рече Заев.

Премиерот истакна дека тврди дека Хирстијан Мицкоски го интересирал само партискиот и личниот рејтинг, па затоа не учествувале во договорот од Преспа кога тој ги повикувал заедно да ги донесат промените за евроатлантското интегрирање.

„Разговарате за шпицен кандидат. Ако мислите мандатор да не биде кандидат на пратеничка листа, немам проблем со тоа, ама шпицен кандидат не значи тоа. Нека прифати Мицкоски една изборна единица, ќе се договориме. Барам чист мандат, бидејќи се решени надворешните прашања, само сакам да разговарам за тоа со Мицкоски, не шпицен, може и лево и десно крило, каква игра сака, таква ќе играме. Јас сум уверен дека ќе добијам чист мандат“, рече Заев.