Centar.mk
ВМРО ДПМНЕ: Студентите нема повеќе да чекаат на шалтерите на ЈСП за да извадат картичка за бесплатен превоз Се воведува дигитална студентска картичка, решение кое е подготвено преку соработка меѓу ЈСП, ФИНКИ и универзитетите, а со заложба на градоначалникот на Град Скопје и раководството на ЈСП. Со воведувањето на дигиталната студентска превозна картичка, барањето на студентите се претвора во конкретно решение. На овој начин студентите добиваат поедноставен пристап, наместо повторно да носат хартиени потврди. Ова решение се подготвува преку соработка меѓу ЈСП и ФИНКИ, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетот „Мајка Тереза“. Студентскиот статус ќе се потврдува преку автоматска синхронизација на податоците меѓу ЈСП и универзитетите. Така, нема да има потреба студентите да доставуваат хартиени потврди и лично да одат на шалтер за заверка како што беше до сега. Дигиталната картичка ќе биде достапна преку апликацијата SkopjeBus. Студентите ќе добијат упатства на својата електронска адреса, ќе се најават со истата адреса што ја користат на универзитетот и ќе можат да ја активираат картичката, а QR-кодот од својот телефон ќе биде за валидација во автобусот. Оваа реформа е уште еден доказ дека модернизацијата на јавните услуги оди рака под рака со грижата за младите. УМС на ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе остане отворена кон темите што ги засегаат студентите, ќе го следи спроведувањето на промената во пракса и ќе ги пренесува понатаму нивните предлози и забелешки до надлежните институции.

Category : МАКЕДОНИЈА

вестИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Само ДПМНЕ – Левица и партии од Бугарија се против Резолуцијата на Бундестагот, велат од СДСМ

ДЕСК
„Само партии од Бугарија и ДПМНЕ-Левица се против Резолуцијата на Бундестагот“, велат од партијата СДСМ. „Откако стана кристално јасно дека Мицкоски не лобирал за Резолуцијата...
МАКЕДОНИЈА

Прегазена жена на “Рузвелтова” се бори за живот – Уапсен возач на BMW без таблички кој побегнал

ДЕСК
Прегазена е жена на скопската улица Рузвелтова од автомобил марка бмв. Возачот на автомобил побегнал од местото, а жената според неофицијални информации е во критична...
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОТОП ВЕСТИ

Синоптичарите најавуваат изненадување со времето – Какви се денешните прогнози

ДЕСК
Денес и утре ќе преовладува претежно стабилно и топло време, освен во планинските подрачја каде ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи....
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОТОП ВЕСТИ

Лоши вести за викендов – Синоптичарите излегоа со најнова прогноза за следните дена

ДЕСК
До петок ќе преовладува претежно стабилно и топло време, освен во планинските подрачја каде ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. За...
вестМАКЕДОНИЈА

Прегазена жена во Дебар, тешко повредена пренесена во болница

ДЕСК
На 20.06.2023 околу 22.24 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека на ул.„Амди Леши“ во Дебар, патничко моторно возило „мерцедес“ со дебарски регистарски ознаки,...
вестМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Не смееме да дозволиме младите да бидат жртва на политичари без став и визија кои мислат само на фотелја

ДЕСК
„Не смееме да дозволиме да загубиме време, а на крајот да добиеме полошо решение. Не смееме да дозволиме младите да бидат жртва на политичари без...
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Европската идеја и можностите кои таа ги носи е најсилниот сојузник на младите

ДЕСК
„Како човек, пред сè, стојам зад потенцијалот што се наоѓа во секој млад човек, и ќе направам сè за подобра иднина на младите. Не само...
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

„Процесот нема да застане без разлика на променливите ставови на ВМРО-ДПМНЕ“: Ковачевски уверен дека мнозинството пратеници се за уставни измени

ДЕСК
Премиерот Димитар Ковачевски верува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на својот став околу уставните измени искажан на лидерската средба од страна на нивниот лидер Христијан Мицкоски....