Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Петличковски: Почна вакцинацијата против сезонскиот грип, досега пријавени над 30 илјади граѓани

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски, во изјава за медиумите информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонскиот грип и се одвива во најдобар ред.

„Ги следиме препораките од Светската здравствена организација за почеток на вакцинацијата во октомври. Би било убаво годинава да забележиме пораст на опфатот, со што би се приближиле до препораката од СЗО за опфат од 75 проценти“, посочи Петличковски.

Обезбедени се 60 илјади дози од четиритипната вакцина.

„Во моментот на северната хемисфера доминира инфлуенца тип А. Очекуваме вакцината да ги покрие циркулирачките варијанти. Засега има добар одѕив, веќе над 30 илјади граѓани пројавиле интерес да се вакцинираат“, истакна Петличковски.

Можеби ќе ве интересира

ОД МИНУС ДО ПЛУС: Свежи утра и постепено затоплување преку ден

ДЕСК

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

ДЕСК

Филипче: Без консензус нема укинување на техничката влада

ДЕСК