Centar.mk
Коридорот 10 е иднината на регионалната трговија и економското поврзување на Југоисточна Европа, порача заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на Самитот за инвестиции во транспортот „Обезбедување раст и конкурентност преку поврзување“, што денеска се одржува во Солун во присуство на високи претставници на Европската Унија, министри од замејите од Западен Балкан и меѓународните финансиски институции. Николоски истакна дека заедничката определба на државите од регионот за инвестирање во железничкиот Коридор 10 претставува силна порака за идниот економски развој и дополнително ја потврдува стратешката важност на Македонија како раскрсница на два паневропски транспортни коридори. Во продолжение интегралната изјава на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски: “Сметам дека самото тоа што Европската Унија го организира овој состанок на кој што ЕУ е претставена на највисоко ниво, преку Kомесарот за транспорт и мобилност, Апостолис Цицикостас, а тука на највисоко ниво се и владите на Грција, на Македонија, Србија, Косово, Албанија, Црна Гора, БиХ, Хрватска, претставници иод Словенија, говори дека е јасна посветеноста да се развива инфраструктурата во регионот. Исто така јасно се поставија принципите и правилата, дека заеднички ќе вложуваме во изградбата на железничкиот Коридор 10. Тоа е иднината за развојот на трговијата и развојот на пристаништата во регионот и затоа ми е драго што покрај нашата држава, и Грција, и Србија, и Хрватска, дадоа јасна заложба дека ќе инвестираат во овој коридор, што уште повеќе ја истакнува важноста на нашата инвестиција во изградба на брза пруга. Коридорот 10 е економски најжив и најзначаен коридор и нешто што дополнително ќе и носи бенефит и економска оправданост на Македонија. Ако на тоа додадеме дека веќе имаме автопат по Коридорот 10 од граница до граница, таму веќе одиме на модернизација. Имено, заедно со Светската Банка, работиме на воведување на Интелигентни Транспортни Системи, проект кој што очекувам да започне за брзо да се имплементира и исто така заедно со Светска банка работиме на подобрување и забрзување на системите кои што се поврзани со Царина. Кога сето ова ќе се стави во контекст, навистина денешниот ден е порака дека регионот има иднина и дека регионот ја задржува и ја надградува својата позиција, а Македонија особено, како раскрсница на два паневропски коридори, Коридорот 8 и Коридорот 10, го добива своето геостратешко значење”-изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Министерство за транспорт

Category : МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНИЈА

Вицепремиерката Грковска во работна посета на Република Грција

CENTAR MK
Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, од денеска до 3 ноември 2023 година ќе...
вестМАКЕДОНИЈА

Пратениците Стојкова-Серафимовска и Коциќ дел од првата посета на Зелените парламентарни групи од Западен Балкан на Секретаријатот на транспортната заедница

CENTAR MK
Пратениците Велика Стојкова-Серафимовска и Ненад Коциќ, учествуваа на првата посета на Зелените парламентарни групи (GPG) од Западен Балкан на Секретаријатот на транспортната заедница, која се...
вестМАКЕДОНИЈА

Работна посета на собраниската делегација во ПАБСЕК во Истанбул

CENTAR MK
Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во ПАБСЕК, во чиј состав се Лидија Тасевска и Вјолца Адеми, учествуваше во работата на Работната група, Комисијата...
вестМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: „Судските реформи преку дигитализацијата на правосудството мора да бидат во корист на граѓаните“

CENTAR MK
Вицепремиерот Маричиќ на денешниот настан TAIEX Самит за пристап до правдата -современи достигнувања во дигитализацијата на правосудството се обрати преку видео порака истакнувајќи ја важноста...
вестМАКЕДОНИЈА

Спасовски: Дигиталната трансформација е фундаментална реалност на денешницата и иднината, но единствено во чекор со предизвиците на новото време ќе бидеме од полза на општеството и граѓаните

CENTAR MK
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска во Охрид присуствуваше и имаше обраќање на Вториот глобален Самит за дигитализација на тема – Процесот на дигитализација...
вестМАКЕДОНИЈА

Шаќири: Училиштето е втор дом на децата и младите, здравите животни навики се учат од најрана возраст

CENTAR MK
Секое дете има право на добро здравје и благосостојба, а училиштето како негов втор дом, треба да му всади здрави животни навики и да биде...
вестМАКЕДОНИЈА

Учество на Елизабета Ѓоргиевска на настанот „Училишта што го унапредуваат здравјето”

CENTAR MK
Сопругата на претседателот, г-а Елизабета Ѓоргиевска денеска во Скопје беше дел од настанот „Кон глобалните стандарди за училишта што го унапредуваат здравјето – Резултати од...