Centar.mk
фото ЈС (c)
вестМАКЕДОНИЈА

Битиќи: Реални се ветувањата за раст на просечната плата над 1.000 евра

Сите анализи кои ги правиме за зголемување на продуктивноста, за недостигот на работна сила и подобрување на конкурентноста, укажуваат дека се реални нашите ветувања за покачување на просечната за по четири години на над 1.000 евра, изјави во интервју за „360 степени“, потпретседателот на СДСМ, Фатир Битиќи.

Тој најави дека овој тренд на раст на платите ќе ја опфати и минималната плата која за четири години очекува да се зголеми над 600 евра.
„Се знае главната економска понуда за претстојните избори, контурите се знаат, а тоа подобрување на квалитетот на животот на нашите сограѓани“, рече потпретседателот Битиќи.

Тој потсети дека на претходните избори во 2024 година, СДСМ излезе со ветување дека минималната плата ќе изнесува 34.000 денари, ветување кое што не само што е исполнето туку и надминато со зголемувањето на просечната плата на ниво од 40.000 денари во декември 2023 година.

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК